АСМЛ: Во тетовската болница не се вработени најдобрите лекари, а има и такви кои не се на ранг листата

700

На огласот за вработување на доктори на медицина во Клиничката болница во Тетово не се испочитувани правилата, односно примањето на кандидатите воопшто не било направено според бодовната ранг листа, а некои од кандидатите кои се примени,  воопшто и ги нема на ранг листата!, тврдат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ. Освен за тетовската болница, на Фејсбук страната на оваа  асоцијација има коментари дека на сличен начин, наводно, биле примени на работа и лекари и во болницата во Битола.

Од АСМЛ вчера на својата Фејсбук страница ја истакнаа и ранг листата и конечната одлука за прием, што ја донела комисијата за селекција при Клиничката болница во Тетово.

„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не!
Каков е овој скандал и неправда!

Првата слика е ранг листата, а втората примени кандидати, срамота!

Бараме одговорност за ова!
Споделете!

Нас нѐ интересира вистината и правдата!

Еве ранг листа на сите кандидати, еве и одлука кои се примени, сами проценете!“, напишаа на Фејсбук од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Фотографија на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...