Надлежните од одделението за педијатрија од кумановската болница пријавиле во полиција дека вчера кај нив родители донеле 14-годишно девојче од Куманово, кое испило 20 таблети.
Како што соопшти денеска СВР Куманово, девојчето било донесено во 10 часот во болницата и по укажаната лекарска помош е испратено во Клинички Центар Скопје.
За случајот е известен и јавен обвинител.