Божиновиќ: Инцидентот во Сплит најостро го осудуваме, примивме протестна нота од Србија

833
FOTO MIA

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ денеска најостро го осуди нападот на ватерполистите на Црвена Ѕвезда и истакна дека полицијата веднаш реагирала.

– Инцидентот најостро го осудуваме, тој е неприфатлив од секој аспект, рече Божиновиќ.

Како што пренесува Танјуг, хрватскиот министер за внатрешни работи потврдил дека Србија испратила протестна нота на Хрватска , како и тоа дека српското Министерство за надворешни работи бара итна истрага, идентификација и казна за сторителите.

– Како што гледате, хрватската полиција е многу брза, рече министерот Божиновиќ.

Тој порача дека „сите кои мислат хулигански да се однесуваат“ полицијата ќе направи се да ги пронајде и да ги санкционира.

Министерот Божиновиќ наведе дека во Хрватска континуирано гостуваат спортисти од Србија, дека во текот на вчерашниот ден имало уште три спортски клуба, денеска уште еден и оцени дека не треба да се генерализираат работите и „да не се создаде впечаток дека Хрватска е несигурна како домаќин“.

Ватерполистите на Црвена Ѕвезда беа нападнати вчера во Сплит, а полицијата утрово уапси три момчиња, а двајца се бараат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...