Игуаин: Среќен сум во Челзи, ќе се вратам на познатото ниво

435

Гонзало Игуаин е смирен за неговата иднина во Челзи. Есента, тој не беше многу убедлив во дресот на Милан, па затоа многумина побрзаа да коментираат дека 31-годишниот напаѓач нема да има добар период во тимот од Лондон. Сепак, на „Стемфорд бриџ“ е човекот кој добро го познава – Маурицио Сари.

– Тој е ментор, кој веќе успеа да го извлече најдоброто од мене. Го знам добро, и тој ме знае добро. Верувам дека повторно ќе се вратам на моето ниво, тоа е идејата. Многу сум среќен во Челзи. Ова е убав клуб со одличен стадион и чувството е фантастично. Се надевам дека со текот на времето тимот ќе може да ги исполни своите високи цели, изјави Игуаин за „Скај Спортс“.

Аргентинецот гарантира дека ќе се обиде да го покаже само најдоброто од себе.

– Јас сум човек кој секогаш се труди да ги подобри своите квалитети и да го покаже тоа на теренот. По Наполи отидов во Јувентус, каде што освоив две титули и играв финале во Лигата на шампионите. Факт е дека имав неколку месеци во Милано, но јас не мислам дека моето ниво паднало. Но, по таа рекордна сезона за мене во Неапол, тешко е да се задржат истите показатели. Верувам дека кај Сари повторно ќе бидам во најсилна форма, додаде Игуаин.

Денес Челзи излегува против Манчестер Сити во дербито на 26 круг од Премиер лигата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...