ПСЖ и без Кавани за дуелот со Јунајтед

125

Погодокот на Единсон Кавани од белата точка во 42-та минута беше ПСЖ доволен за домашната победа од 1:0 против Бордо, но ретко кога еден тренер бил толку потресен по победа, како што синоќа тоа беше тренерот на Парижаните, Томас Тухел.

Всушност, токму при изведувањето на пеналот, Кавани го повреди бедрото, а со оглед на тоа дека првата ѕвезда на клубот Нејмар и многу важниот Марко Верати се повредени, Тухел е во навистина тешка ситуација.

Во вторник, ПСЖ го очекува најважниот натпревар оваа година – првиот судир со Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“, и многу е веројатно дека тие нема да може да сметаат на дури три свои големи ѕвезди.

Германскиот тренер беше очаен по натпреварот.

– Се разбира дека имам резервен план за секој натпревар, па и за тој против Јунајтед, но како би можел да се подготвам да играм против толку силен ривал без нашите најважни играчи – Верати, Нејмар и сега Кавани. Па сега морам да смислам не план „Б“, туку план „Д“!, изјави синоќа Тухел.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 13 бода предност пред вториот Лил, но и со меч помалку.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...