Приведено лице од Корча за илегален влез во Ранковце

90

На 09.02.2019 година во 11,50 часот во с.Ранковце-Крива Паланка, од страна на полициски службеници бил затекнат, а потоа и приведен во Полициското одделение Ранковце, А.М.(52) од Корча-Р.Албанија поради сторен прекршок по чл.9 ст.1 од Законот за гранична контрола (илегален влез во Р.Македонија). Во 12,30 часот лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...