Вестбрук изедначи успех на Чемберлен од 1968 година

86
ФОТО: EPA / PETER FOLEY

Екипата на Оклахома Сити Тандер победи со 117:112, како гостин на Хјустон Рокетс во средба од регуларната сезона на НБА. Дуелот во „Тојота Центар“ започна изедначено, а „ракетите“ имаа предност од три поени по крајот на првата четвртина. Во втората домаќините имаа јасна превласт и забележаа 42 коша во делот, а предноста стигна до +26, а на одморот беше 22 – 70:48.

Улогите се разменија по 15-минутната пауза и избраниците на Били Донован реализираа за возврат 42, за да го изедначат резултатот пред решавачката четвртина. Во неа, предводени од Расел Вестбрук и Пол Џорџ, „громовите“ успеаја да го надиграат тимот од Тексас и така да постигнат вредна победа на гостувањето кај Џејмс Харден и компанија.

„Брадата“ направи с\ што е во негова моќ за домаќините, но неговите напори останаа залудни и покрај 42 поени.

Ова беше 29-ти последователен натпревар за него со минимум 30 поени во лигата, што го доближи на два од второто најдобро достигнување во историјата на играта, дело на Вилт Чембрлен од 1962 година.

Вестбрук пак израмни друг рекорд на легендарниот поранешен кошаркар на Филаделфија 76-ерс и Л.А. Лејкерс од 1968, откако го направи 9-тиот последователен „трипл-дабл“ – 21 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Пол Џорџ постигна „дабл-дабл“ – 45 поени, од кои 15 во последниот дел, додавајќи 11 скока.

Така Оклахома запиша трет последователен успех и се зацврсти на третата позиција во Западната конференција, откако веќе е само на победа од вториот Денвер Нагетс, додека Хјустон останува петти.

Резултати од НБА:

Јута – Сан Антонио 125: 105
Индијана – Кливленд 105: 90
Атланта – Шарлот 120: 129
Њујорк – Торонто 99: 104
Бостон – Лос Анџелес Клиперс 112: 123
Мемфис – Њу Орлеанс 99:90
Хјустон – Оклахома 112: 117
Милвоки – Орландо 83: 103.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...