Денес до 16 степени, утре засилен јужен ветер и до 80км/час

213
20151002 Friday 1411 toplo vreme soncevo vreme sonce esen park

Денес времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, максималната дневна ќе достигне 16 степени Целзиусови, прогнозираат од УХМР.

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. В понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час. Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер. Од вторник, под влијание на студен бран од север ќе настапи  значително заладување со  локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...