Вработена во градинка пријавила закани и физички напад од триесет и тригодишник кон неа и колегите

595

Вчера во 12.00 часот во ПС Кочани, Љ.Л.(31) од Кочани вработена во Јавна општинска установа детска градинка на улицата „9 Мај“ во Кочани пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот, додека била на работа, О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...