Штипјани ќе добијат нова и современа болница до 2020 година

131

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена во 2020 година.

– Добивме информација од изведувачот со кој Министерството за здравство има потпишано договор. Тоа е грчката фирма Интракат, дека го раскинале договорот на досегашниот подизведувач и бара продолжување на роковите. Рокот го продлживме за една година и сега крајниот рок кога треба болницата да биде завршена е 2020 година – изјави Филипче.

Во меѓувреме, како што рече, забележуваме, а имаме и извештаи од надзорот дека работите се изведуваат со навистина забрзана динамика.

– Имаме интензивна комуникација и со градоначалникот на Штип, кој треба да преземе обврски за некои сообраќајни решенија – рече Филипче.

Тој изрази надеж дека следната година Штип ќе добие нова и современа болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...