Со морбили од пет до десет нови случаи на ден

391

Секој ден, за жал, има нови случаи на пациенти со морбили кои се примаат на Инфективната клиника. Помеѓу четири-пет до десет пациенти на ден се прегледуваат. Тие кои се со полесна форма се упатуваат на домашно лекување, а останатите се хоспитализираат. Вкупниот број пациенти што се лекуваат на Инфективна клиника е 30-тина. Децата кои имаат потешка форма, компликации, во смисла сериозно воспаление на белите дробови, се уште се во тешка, но стабилна состојба,  изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој вели дека вакцинацијата тече со добра динамика.
–  Околу 50-тина отсто од вкупниот број невакцинирани деца сега се вакцинирани. Сѐ уште трае тој тренд на интерес кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, што е за поздравување, Тоа со што сега се соочуваме за жал е резултат на падот на колективниот имунитет, што се случува од 2014 година наваму, вели министерот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...