Постпородилната депресија е тема на австралиската песна за Евровизија.
Триесет и седумгодишната Кејт Милер – Хеидке во „Zero Gravity“ ја опишува својата депресија откако го родила синот Ерни.
Песната излезе на 25 јануари, а денеска жирито и публиката ја одбраа да ја претставува оваа земја.
Сепак, на Јутјуб настапот на Милер – Хеидке во моментов има 493 лајкови и 543 дислајкови.
ФОТО: Принтскрин