Во Росоман се избираа најдобри вина и ракии произведени во домашни услови

302

Во организација на општина Росоман, во рамките на манифестацијата посветена на виното, а во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите, во Росоман денеска се избираа најдобри вина и ракии, произведени во домашни услови. Изборот го вршеа стручни лица, енолози.

– За дегустирање и оценување имавме 21 примерик од вино и ракија. Можам да кажам дека постојано бележиме раст на квалитетот на производите од грозје кои се добиваат во домашни услови – рече енологот Кире Петров.

Според него, тоа е резултат на постојаната едукација и следењето на винските трендови, од страна на индивидуалните производители на вино и ракија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...