Приведени две лица поради поседување хероин

69

Во Гостивар од страна на полициски службеници биле лишени од слобода лицата В.А.(45) од гостиварското село Неготино и Ј.Т.(38) од Гостивар бидејќи при личен преглед кај нив бил пронајден хероин.

Лицата, како што соопштио денеска МВР, биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...