ВМРО-ДПМНЕ: Зелената нафта е уште едно „ќе“ ветување на крими власта

63

Зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ. Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве сега се уште нема. Ова стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци заради порастот на дизелот, и се уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат наскоро. СДСМ пред да дојде на власт ветуваа чуда во земјоделието, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но наместо тоа донесоа беда за земјоделците – се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека „земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари“.

– Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа расипничка и криминална власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...