Момчето кое си уби брат во Србија, се договори со Обвинителството за 2 години робија

1508
ФОТО: Курир.рс

Дваесет и едногодишниот Милош Јаковљевиќ, кој се терети за убиството на 16-годишниот брат Марко, се договорил со Обвинителството за 2 години робија, пренесува „Курир.рс“.

На 27 март ќе се знае дали судот ќе го прифати договорот.

Трагедијата се случила во април 2014 година во двор на основно училиште во Србија. Милош земал пиштол од рацете на другар и поради невнимателност испукал куршум кој завршил во градите на Марко, кој пак во тоа време, на капијата од училиштето разговарал со свои пријатели.

Милош кога видел што сторил, се обидел да му помогне, но за жал, брат му починал.

Тој  се теретел за тешко убиство за кое законот предвидува до 40 години затвор. Минатиот месец Обвинителството го изменило и прецизирало обвинението.

Обвинетиот поради убиство на својот брат поминал 13 месеци во притвор. Ако судот го прифати договорот, му остануваат уште 11 месеци затвор.

– Не сакав да го убијам мојот брат – рекол Милош во судницата.

Таткото на децата, Горан, изјавил дека е тажна судбината на неговото семејство.

– Едниот син ми е во гроб, другиот на обвинителска клупа. Нашиот Марко ништо нема да го врати. Тој ќе живее додека живееме ние, а за Милош ќе се бориме, да не го изгубиме и другото дете – рекол таткото.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...