ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори за СДСМ да замине во историјата

96

СДСМ бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува. Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата – се наведува во соопштението.

Оттаму велат дека „токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...