Иванов изрази сочувство за загинатите при уривање на зграда во Турција

66
ФОТО: МИА

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со турскиот претседателот на Република Турција г. Реџеп Таип Ердоган.

Како што соопшти прес-службата на претседателот, двајцата претседатели изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција.

Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.

Македонскиот претседател изрази сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.

На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа, се додава во соопштението.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...