Османи: Конгресот почна со процедурата за ратификација на протоколот за прием во НАТО

213

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој во рамки на престојот во Вашинготн вчера имаше средби во Конгресот, а денескa работно ги посети Стејт департментот и Белата куќа, во изјава за МИА потврди дека во двата комитета за надворешна политика, на Сенатот и на Претставничкиот дом, била започната процедура за ратификација на протоколот за влез на Македонија во НАТО.

– Ова е многу позитивни и невобичано брзо, што зборува за желбата и поддршката од САД за ратификација. Сега зависи како во самиот Конгрес ќе оди самата постапка, но процесот е започнат – изјави Османи.

Тој укажа дека нацрт-резолуцијата за поддршка на Преспанскиот договор подготвена од сенаторот Рон Џонсон, претседавач со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД, што идната недела оди на усвојување во Сенатот, треба да има позитивен ефект во охрабрување на забрзување на процесот за ратификација на протоколот.

-Резолуцијата ќе има позитивен ефект како овде така и кај другите земји членки на НАТО чии парламенти исто така треба да го ратификуваат приемот на Македонија, истакна Османи.

Вицепремиерот очекува зголемување на американските и другите странски инвестиции со приемот на Македонија во НАТО.

-Од осамостојувањето на Македонија до денес САД имаат инвестирано 637 милиони

Во врска имплементацијата на Планот 18,  рече дека февруари е крајниот рок кога Владата треба да спроведе најголем дел од реформите, посебно системските решенија.

– Бидејќи нашиот придонес во извештајот на Евроспката комисија треба да се испрати до 4 март. Дотогаш Собранието треба максимално да ги усвои законските решенија од Планот 18. Владата треба да ги имплемантира тие законски решенија, собирајќи конкретни примери за промените во општеството и однесувањето на државните службеници во судството, во јавната администрациа, во безбедносните служби -изјави вицепремиерот.

Укажа дека посебен успех е транспарентниот избор на Антикорупциската комисија, додавајќи дека е оптимист за тоа што во земјата е создадена позитивна клима и динамика.

– Посебно важно достигнување е изборот на Антикорупциска пред претседателските избори. Ова беше еден од клучните елементи на Планот 18 и е дополнително силен аргумент за одлуката за започнување на преговорите со ЕУ која се очекува да биде донесена на 21 јуни – истакна Османи.

Пред експерти и претставници од Стејт департменот и други невладини органзиации тој денеска учествуваше на тркалезната маса во Германскиот Маршалов фонд, каде имаше обраќање на тема: „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...