Чудни аршини за поделбата на парите во културата

788

Скандалозна распределба на парите во културата е заклучокот по првичните реакции на уметниците откако Министерството за култура денеска на својата веб-страницата ги објави резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области.

На пример, пари не доби скопскиот џез-фестивал „Оффест“, како и проектот за серија концерти на Авалон продукција „Авалон колинг“. Кога се во прашање фестивалите, тука се и тетовскиот и кумановскиот џез-фестивал за кои биле одобрени 1,5 милиони денари за Тетово, а само 200.000 денари за Куманово.

Во резултатите кои ги објави Министерството, на пример, во делот за манифестации од фолклорна дејност „Фолк-фест Валандово“, „10 дена Крушевска Република“ и Фестивалот на ора и песни „Кенго Јехо“ добиле по еден милион денари, иако барале различни суми. Така, Фолк-фест Валандово барале над 4 милиони денари, за Крушевската Република се барани 2,6 милиони, а „Кенго Јехо“, барал 2 милиони.

Интересна е и распределбата на парите за музичка и музичко-сценска дејност. Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ за концерт во Загреб, Ријека и Сплит побарале 755.000 денари, а добиле 150.000, за концерт во Сиднеј, Австралија, побарале 6,2 милиони денари, а добиле милион, додека за гостување на фестивал во Бурса, Турција, барале 950.000, но добиле 200.000 денари.

Наспороти ова, Ансамблот на албански народни ора и песни во Македонија за учество на фестивал во Будимпешта барал 1.072.297 денари и добиле речиси колку што и побарале – точно еден милион. За фестивал во Индонезија барал околу 3,5 милиони денари, а добиле 2 милиони и за гостување во Шангај, Кина, Барале 3,6 милиони, а им биле одобрени 2 милиони.

„Таксират“, пак, добил само 500.000 денари, а барал 6 милиони. За фестивал во Тетово и за концерт Здружението „Артал“ од Тетово, добило 3,6 милиони денари. Популарниот и меѓунардно признат Скопје танцов театар исто така годинава не добил ниту денар од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...