Во врска со шестмесечното бебе од кумановско, заболено од морбили, кое почина изутрината на Клиниката за инфективни болести, д-р Жарко Караџовски, епидемиолог, денеска изјави дека тоа било хоспитализирано во текот на изминатиот месец во два наврата на Детското одделение во болницата во Куманово.
– Од 1. до 5. февруари беше хоспитализирано во Детската болница во Козле. На 5. февруари е префрлено во Инфективната клиника и е егзитирано во 7 часот. На почетокот на јануари, детето имало трајно воспаление на белите дробови, најпрвин како опструктивен бронхит, а потоа и како бронхопневмонија. Бронхопневмонијата е проширена на двете белодробни крила и покрај интензивното лекување и реанимација на Клиниката за инфективни болести, починато е денеска наутро. Друг коморбидитет немаше во однос на други заболувања – додаде д-р Караџовски.
Бебето е прва жртва на морбили во земјата.