Обвинителството од Царовска побара дополнителни докази за скандалот со пензиите

216

Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам Јавното обвинителство за сите сознанија, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска откако денеска даде изјава во Јавното обвинителство во врска со непрефрлање на придонесите во Вториот пензиски столб изминатите десетина години.

Царовска не сакаше да изнесе повеќе детали, бидејќи постапката е во тек, а во Обвинителството била во својство на сведок.

Поканата до Царовска доаѓа откако до скопското Јавно обвинителство беше поднесена кривична пријава од Министерството за труд и социјална политика против непознати сторители за неуплаќањето средства во Вториот пензиски столб на 12.000 осигуреници.

Според изјавата на министерката Царовска дадена минатата недела, 19 милиони евра за пензиско осигурување во изминатите десет години не се уплаќани во Вториот пензински столб.

За нејзиниот изказ, со сооптение се јавија и од обвинителството.

„Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ“, посочуваат од скопското обвинителство.

Отааму додаваат и дека од Државниот завод за ревизија ќе ги побара изготвените извештаи за извршена ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период, а на распит ќе биде повикан и претставник на Фондот за да даде свое појаснување во врска со наведеното во пријавата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...