Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Сенаторот Рон Џонсон, кој воедно е претседавач и со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД.
Честитајќи на успехот на земјата, Сенаторот Џонсон го извести Османи за неговата иницијатива, заедно со сенаторката Џеин Шахин, до американскиот Сенат, со резолуција која сенатот се очекува да ја усвои на почеток на следната недела, да се поддржат активности на Македонија и Грција во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа. Во текстот на резолуцијата, која во драфт верзија му беше предадена на Османи, меѓу останатото, се препорачува на Советот на ЕУ во јуни оваа година да ја потврди одлуката за почеток на преговорите. Како што посочи сенаторот, текстот на оваа резолуција се очекува да биде финализиран и ставен на дневен ред на сенатот на почетокот од следната недела и истата да биде усвоена.
– Вистинска привилегија е партнерството на Македонија со САД, кое еве продолжува со несмалено темпо, за што САД може да смета на нашата заемја како на цврст сојузник во промоција на западните демократски вредности на Балканот – истакна Османи.