За да се подигне свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот, на иницијатива на градоначланикот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со полициската станица и невладини организации, организира „Ден без автомобили”, информира Општината.
Настанот ќе се одржи в понеделник при што ќе се забрани сообраќајот во централниот дел на градот. Нема да се вози по улиците „ЈНА” (Дебарски пат) од центарот до пресекот со булеварот Браќа Ѓиноски, улица Илинденска (поранешна Борис Кидриќ) од центарот до раскрсницата со булеварот Гоце Делчев (Сити центар), и улицата М.Ч. Филипоски од Витамин Ага до раскрсницата со улицата Борче Јованоски.
Сообраќајот, при реализацијата на оваа активност, ќе го обезбедува гостиварската полиција.