Армијата на Република Македонија распиша оглас за стручно оспособување и усовршување на 30 лица за официри на Армијата.
Кандидатите треба да не се постари од 28 години и да имаат завршен прв циклус на студии од областа на: медицински науки и здравство – општа медицина, машинство, електротехника, електроника и автоматика, енергетика, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, хемиско инженерство, хемиска технологија, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија, сообраќај и транспорт, ПМФ (хемија или информатика), економски науки или правни науки.
Дополнителен услов е кандидатите да се заинтересирани за кариера во Армијата на Република Македонија да се психофизички способни и да знаат англиски јазик.
Избраните кандидати ќе бидат пратени на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на АРМ во времетраење од 6 месеци, по што слушателите кои со успех го завршиле процесот, ќе бидат произведени во чин потпоручник/поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана, во согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на Република Македонија.
Стручното оспособување и усовршување е со траење од шест месеци.