Заев: На локалните избори направивме квантен скок, да направиме уште еден

Дилемата за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е помеѓу две опции – дали да се определиме за еден цел нов мандат, што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот или да превагне интересот на државата наспроти партиите - рече Заев.

563

СДСМ сѐ уште го нема дефинирано ставот дали да се оди на предвремени избори, оти дилемата е дали да се оди на нов мандат или да се фокусираат на евроинтеграциите и добивањето датум за пристапни преговори со ЕУ – изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Дилемата за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е помеѓу две опции – дали да се определиме за еден цел нов мандат, што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот или да превагне интересот на државата наспроти партиите, а тоа е да не дадеме никаков изговор на земјите членки кои дел од нив генерално се против проширувањето, а Македонија чека позитивна одлука на самитот на ЕУ во јуни, каде верувам дека Европската комисија, која е на крајот на својот мандат, сака да остави свое наследство. Македонија блеска во делот на политичкото решавање на билатералните отворена прашања и сме пример и за Европа и за целиот свет. Во делот на реформите сме комплетно успешни – рече Заев по посетата на Клиниката за неврологија, каде беше заедно со министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде:

– Верувам оти Парламентот низ дијалог ќе продолжи консензуално да ги носи своите одлуки, како што впрочем се завршува – и процесот за избор на Антикорупциска каде се гласаше со консензус и оти судските реформи во февруари Парламентот ќе ги донесе, исто така со консензус, како и новите закони за реформи во УБК, во администрација, нагласувајќи дека имплементацијата ќе биде видлива до 26 јуни кога треба да се одржи самитот на ЕУ каде очекува позитивна одлука за Македонија и отворање на поглавјата.

– Тоа е причината која превагнува во одговорноста на носењето на одлуките. Демократската дебата е развиена, ама ако претседателот на партијата го каже својот став ќе ја утапи дебата внатре – вели Заев.

Деновиве, додаде Премиерот, разговараат и со коалициските партнери, со политички партии кои се надвор од коалицијата, партии кои не се парламентарни, а консултираат, како што вели, многу значајни здруженија на граѓани, прават анкети и анализи и за изнаоѓање најдобриот кандидат за претседателските избори.

– Сакам да ја потенцирам потребата од свесност на нашето општество изразена преку политичките партии и да ги повикам сите да направиме една заедничка, одговорна анализа и да пронајдеме личност или личности зад кои би можеле да застанеме ние како политичари, нашите политички партии заради тоа што граѓаните застануваат зад нив. Ако најдеме такви личности, тоа би бил вистински консензуален кандидат кој ќе ги имплементира политиките на ова модерно живеење, на 21. век со прогресот и просперитетот кој Македонија го има и дополнително го очекува, тогаш вредно е да направиме напори да дадеме шанса да изнајдеме таква личност – рече Заев.

Тој ги повика и ДУИ и БЕСА на Гаши и БЕСА на Касами, и другите помали партии да се приклучат на ова.

– На локалните избори направивме квантен скок, граѓаните гласаа за личност, не Албанци за Албанци, Макењдонцис за Македонци… Гласавме за личност. Можеме да направиме уште еден скок. Ако изнајдеме квалитетни решенија, вреди ова да го направиме. Можеби ќе успееме, можеби не, но вреди да дадеме шанса. До 21 март се поднесуваат кандидатурите. Имаме доволно време за внимателно да анализираме…Треба да посветиме достоинствено внимание, затоа што претседателот на државата е многу важна функција во државата – нагласи Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...