Не поминаа барањата на Златна зора и Независни Грци за противуставност на нацрт законот за ратификација на Протоколот за НАТО

334
Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

На почетокот на расправата во грчкиот Парламент, за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, веднаш по обраќањата на двајцата известувачи, Независни Грци и Златна зора доставија барања за противусавност на конкретниот нацрт закон, јави дописничката на МИА од Атина.

Приговорите и барањата, беа отфрлени од другите партии.

Мариа Коља Царуха од Независни Грци во барањето за противуставност објасни дека според член 28 параграф 2 од грчкиот Устав, се отстапуваат суверени права, а со тоа за ратификација потребно е зголемено мнозинство од 3/5 од пратениците, односно 180 гласови, а не 151.

Слично беше барањето и од Златна зора.

Поранешниот министер за правда и пратеник од СИРИЗА, Ставрос Кондонис рече дека со конкретниот нацрт закон нема отстапување на надлежности или власт,а за отстапување на права требаше да се говори кога Грција стана член на НАТО, а не за интеграција на трета земја.

Пратеникот од Демократската алијанса Андреас Ловердос коментирајќи го барањето на Независни Грци рече дека „дијалогот е политички, а не поврзан со законите“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...