Премиерот Зоран Заев, по посетата на Клиниката за неврологија, денеска изјави:
– Јас би бил идеален консензуален кандидат за претседател, гледајќи ги рејтинзите, ама уште сум млад за да се кандидирам и, за жал, не сум кандидат, а и имам одговорност да го сработам тоа што е ветено – рече Заев.
Во врска со изјавата на ДУИ дека нема да поддржат кандидат за претседател произлезен од конгресот на СДСМ, Заев рече дека кандидатот заедно ќе го бараат преку заедничка анализа.
– Не мораме да чекаме конгрес некоја партија да дефинира, затоа што ако која било партија дефинира тогаш ги приклонува другите партии да следат. Тоа не е консензуално барање. Консензуално е ако ангажираме од нашите партии и платиме експерти, да ни направт добри анализи и да изнајдеме кандидати така растеретени. Не зборувам за пратеник, за премиер, за министер, за директор, зборуваме за претседател на државата тука е и одговорноста на сите нас како политичари. Низ една заедничка анализа да изнајдеме вистински личности или личност, да застанеме зад таа личност сите и ако бидат дами тоа е убаво, рече Заев.
Тој додаде дека тоа можат да бидат и граѓани од која било етничка припадност и која било сфера од општественото живеење.
Од СДСМ не соопштуваат дали се пристигнати кандидатури за претседател, а кандидатот ќе биде избран на партискиот конгрес кој ќе се одржи на 3 март .