Шестмесечно бебе од кумановско почина од морбили

783

Прва жртва од мали сипаници во земјава е шестмесечно машко бебе од кумановско.  Тоа утринава починало на Клиниката за инфективни болести.

– Бебето не било вакцинирано против морбили и за жал починало од компликација од воспаление на белите дробови – изјави денеска министерот за здравствои Венко Филипче и нагласи дека редовната вакцинација е најдобра заштита против ова и други заразни заболувања.

– Ова бебе прво било лекувано во болницата во Козле, а потоа е префрлено на Инфективната клиника каде докторите, за жал, неможеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи за да се подигне колективниот имунитет кој е значително опаднат по падот на опфатот со вакцинација во 2014 година. За жал, сега се соочуваме со овие последици – рече Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.

Министерот додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба.

– Тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба -рече Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...