Осудените за „Сопот“ ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во притвор и затвор

1032

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за судскиот предмет 19П4-939/18, во јавноста почнат како случај „Сопот“ и можноста за спогодбено решавање и исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда, доставен до Државното правобранителство, соопшти Владата.

– Владата се согласи и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот. Владата исто така, го овласти Државниот правобранител за подрачје Скопје, Зоран Петковски да потпише спогодба за судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој судски предмет, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...