На регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, вчера во 20 часот сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.
– При преглед на возилото, полицијата пронајде и одзеде три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. Ќ.М. е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45).
По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка.