Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, вели дека не е во можност однапред да предвиди дали Љубе Бошкоски ќе биде новиот посебен советник за странски инвестиции на премиерот Зоран Заев, како што се шпекулира во јавноста, пишува „Слободен печат“.
Бошкоски јавно соопшти дека ќе конкурира на огласот кој е во тек и на кој за ова работно место се бара лице со правен факултет, какво што образование има и лидерот на Обединети за Македонија.