Нашите функционери своите деца ги спремаат за паразити

Државната служба секаде во Европа е наменета за оние со послаб капацитет и без амбиции и не е атрактивна за амбициозните и способните.

1916

Секојдневно се обзнануваат функционери кои си ги вработиле децата во државна служба. Она што не разбираат е дека со тоа им прават лоша услуга на своите деца, им ги сечат крилјата, ги прават имбецили.

Вистинското знаење, квалификации и вештини се стекнуваат во приватниот сектор. Уште повеќе, во приватниот сектор ќе научат да го ценат денарот. Потоа со стекнатите навики и квалификации можат да работат било каде по Европа.

Но нашите функционери очигледно немаат високо мислење за своите наследници, не се сигурни дека овие можат успешно да пливаат надвор од државната служба, па затоа ги спремаат за паразити.

Друго логично објаснување не гледам. Инаку државната служба секаде во Европа е наменета за оние со послаб капацитет и без амбиции и не е атрактивна за амбициозните и способните.

(ФБ статус на авторот)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...