Расистички и секс скандали ги тресат демократите во Вирџинија

219
ФОТО: Принтскрин / Вашингтон пост

Скандалите на демократите во Вирџинија поврзани со расизам продолжуваат откако уште двајца високи функционери на Комонвелтот се обвинети, едниот за омраза на црномурестото население, другиот за силување.

По контрадикторните изјави на Ралф Нортам, гувернер на Вирџинија од Демократската партија, со фотографијата од студентски албум во која тој е со лице обоено во црно и стои покрај присутен во костум на Кју Клукс кланот (гувернерот подоцна опиша дека го имитирал Мајкл Џексон) и јавниот обвинител на Комонвелтот, Марк Херинг, призна дека за време на студентските години го фарбал лицето во црно.

Мотивот на неговота искрена исповед е заштита на честа и угледот на функцијата што ја извршува без да биде посочуван за расист, како во случајот со Нортам.

Во САД се смета за навреда кон црномурестото население доколку некој се појави со лице обоено во црно.

– Како 19-годишен студент одев на забави облечен како рапер. Тоа беше во 1980 година кога го слушавме Куртис Блоу и ги пеевме неговте песни – изјави Херинг за медиумите.

Изјавата тој ја даде во пишана форма, со надеж дека отворена дискусија ќе придонесе за разбирање на проблемот и ќе покаже „дали треба или не да поднесам оставка. Жалам за предизвикната болка – тоа е најголемоит срам што досега сум го доживеал“.

Веднаш по ова се дозна дека и републиканскиот сенатор во Сенатот на Вирџинија, Tоми Нормент, кога бил студент упатувал слични навреди и потсмеви кон луѓето од афро-американско потекло.

Весникот „Вирџинија Пајлот“ дозна дека сенаторот во 1968 година се појавил во студентски албум со лице обоено во црно и дека тој бил уредникот на албумот за таа година.

Џастин Ферфакс, заменик гувернер на Вирџинија од демократите, неделава пак беше обвинет за сексуално злоставување од страна на негова колешка. Немилиот настан наводно се случил во 2004 година за време на собир на Демократската партија во Бостон.

Жртвата е Ванеса Тајсон, сегашен професор во колеџ од Калифорнија, која изјави дека одлуката да се појави во јавноста со ова обвинување ја донела поради можноста Ферфакс да дојде на местото на Нортом од кого демократската јавност се уште бара оставка. Се посочува на опасноста доколку тој не замине, Вирџинија на следните избори да ја добијат републиканците.

Повиците за оставки на овие функционери се посебно гласни од граѓанските организации за заштита на правата на црномурестото население во САД.

ФОТО: Принтскрин / Вашингтон пост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...