Италјанската полиција разби криминална банда за недозволена трговија со дрога, која шверцувала од Албанија преку Јадранско Море во Италија.
– Во акцијата се запленети 440 килограми марихуана, 10 килограми хероин и 200 килограми други супстанци што се користат за додавање во хероинот, симулирајќи некои од неговите карактеристики – соопшти италијанската полиција.
Во операцијата уапсени се 16 Албанци, за кои во текот на истргата било утврдено дека неколку пратки со дрога прошверцувале и до Швајцарија.
Криминалната банда била активна во подрачјето помеѓу Комос и Милано. Лицата кои биле под истрага сите се Албанци. Тие користеле кодиран начин на комуникација и софистициран систем за затскривање на шверцерските активности.
Во рамки на истата акција италијанската полиција вршела контроли и во Џенова и во Лука.