Утврдена е листата од седумтемина нови антикорупционери

Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи се седумте прворангирани кандидати.

1117

Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи се седумте прворангирани кандидати за членови во Државната комисија за спречување корупција.

Прворангиран со 100 бодови е кандидатот Владимир Георгиев, второрангирана со 98,17 поени е Софка Пејовска Дојчиновска, трета на листата е Катица Николовска со 94.67  бодови, по неа е Нурио Бајрами со 93,57 бодови. Петто рангирана е Билјана Ивановска со 92,14 бодови, по што следат Горан Трпеновски со 89,29 бодови, Шемши Салаи со 89,17, Владимир Клековски и Рахамин Мизрахи со 77,86,  Ељуард Муртезани со 73,57…

На ранг листата се објавени бодовите за 56 кандидати кои беа интервјуирани во изминатите денови од Комисијата за селекција, од вкупно пријавените 57 на огласот. Секој кандидат можеше да добие максимум 100 поени. Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носеа максимум 40 бодови, а 60 бодови кандидатите можеа да добијат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата.

Кандидатите треба да поминат уште еден филтер утре во 11 часот на Комисијата за избори и именувања, каде на дневен ред е утврдување на предлог – листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во комисијата предвидено е да има седум члена.

Првпат кандидатите за членови на комисијата беа интервјуирани „во живо“ од посебно формирана собраниска комисија во која членуваа и претставници на граѓанскиот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...