Министерке, нема мали и големи земји, има големи и мали непотизми!

3397

Шеќеринска: Македонија е мала, сите имаме многу братучеди.

Значи ли тоа дека во големите земји помали се семејствата, помал е уделот на братучедството, или пак дека таму полесно се крие непотизмот?

Небитна е големината на земјата, министерке. Турција е голема земја и владее огромен непотизам, Словенија е колку Македонија па непотизам речиси и нема.

Во однос на историјата на непотизмот, нема мали и големи земји, има големи и мали непотизми.

Вашиов оди накај голем.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...