Двајцата војници што се повредија при чистење митралез имаат прострелни рани и повреди на левата натколеница, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.
– Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови – изјави министерот Филипче.
Двајцата професионални војници на АРМ, М.Ј. и В.Ш., се повредија утрово во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово.