Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско може да го напушти клубот. Според „Дејли Стар“ Барселона е сериозно заинтересирана за неговите услуги.
Од друга страна, Иско е подготвен да го напушти Реал поради тензиите со тренерот Сантијаго Солари.
Договорот на 26-годишниот фудбалер со „кралскиот клуб“ важи до 30 јуни 2022 година. Неговата цена на фудбалскиот пазар се проценува на 75 милиони евра.
Оваа сезона Иско настапи на 25 натпревари за реал, постигна четири гола и забележа две асистенции.