Закана од бомба натера норвешки авион принудно да слета

95

Авионот Боинг 737-800 на норвешката авиоконпанија „Норвиџан ер“со 169 патници утрово принудно слета на шведскиот аеродром Арланда во близина на Стокхолм откако добил дојава за поставена бомба.

Авионот полетал од Арланда за францускиот град Ница, но 25 минути подоцна се вратил на аеродромот, каде веќе биле распоредени полицајци и спасувачки екипи.

Се уште нема информации дали заканата за поставена бомба била лажна или веродостојна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...