Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на денешното рочиште за предметот „Тортура“ на СЈО, кој се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, побара да биде ослободен од гонење. Меѓутоа, судот го одби ваквото барање и го продолжи судскиот процес со сослушување на сведоци.
За ова барање неговата одбрана се повика на начелното мислење на Врховниот суд дека СЈО не е овластен тужител за предмети за кои се покренуваат обвиненија и се отвораат истраги по истекот на 18 месеци од добивањето на „бомбите“. Одбраната посочи дека обвинителниот акт е поднесе 20-тина дена по истекот на 18 месеци од денот кога СЈО го презело предметот од редовното обвинителство.
Инаку начелното мислење на Врховен не е обврзувачко за пониските судови, но ако предметот еден ден стигне до овој суд, врховните судии ќе ја укинат пресудата.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI