Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави вчерашното потпишување на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО, оценувајќи го како „победа на западните вредности и напредок на регионот кон евроатланските интеграции“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Постигнувањето сеопфатен договор меѓу Косово и Србија, напиша денеска Тачи на својот Фејсбук, „ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот“.
– Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за ова постигнување, кое несомнено ќе донесе повеќе мир, стабилност и безбедност во нашиот регион. Додека, пак, сеопфатниот договор меѓу Косово и Србија ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот и отворањето на патот кон зачленувањето (на Косово) во Обединетите нации, НАТО и Европската унија – порача Тачи.