Унгарската Влада го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО

93
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје.

Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина, се наведува во соопштението.

Унгарската Влада се надева дека со брзата ратификација на Протоколот од страна на земјите-членки на НАТО, Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса, се додава во соопштението на унгарската амбасада во Скопје.

Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...