Чеченска невеста платила 170 илјади евра за венчаница, а 40 илјади за торта (ФОТО)

496
ФОТО: Фејсбук

Богатата чеченска невеста, Кава Зурбекова на 18-годишна возраст со приватен авион и венчаница за која се проценува дека вреди околу 170 илјади евра, се упатила во главниот град на Русија на церемонија на која присуствувале 500 гости.

Венчаницата ја дизајнирал либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.

Зурбекова се омажила за Ахмед Џабраилов, син на поранешниот потпретседател на чеченската влада.

Додека влегувала во авионот, на Зурбекова и била неопходна помош од лица кои биле задолжени за тоа.

Според локалните обичаи, роднините на невестата не присуствуваат на свеченостите.

Младоженците само на торта потрошиле 40 илјади евра.

Венчаниците на Мурад често ги носеле богати руски наследнички и сите тие фустани вределе повеќе од 150 илјади евра.

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...