Маж од Австралија тврди дека е син на принцот Чарлс и Камила, пренесува „Мирор“.
Педесет и двегодишниот Симон Доранте – Деј појаснува дека бил роден кога тие биле тинејџери, а него го дале на посвојување.
Според неговите зборови, принцезата Дијана знаела за тоа и требала да ѝ го даде овој податок на јавноста пред нејзината смрт во 1997 година.
Симон додал дека жената која го одгледала, Винифред – која работела за кралицата и принцот Филип заедно со нејзиниот сопруг Ернест, му кажала „многу пати“ дека тој е син на Чарлс и Камила.
Тој се нарекува себеси „принцот Симон“ на социјалните мрежи и бара сега ДНК тест за да „ја заврши 40-годишната потрага“.
ФОТО: Мирор