Тетовката Нина Костовска ја прифати понудата на Заев да работи во владината библиотека

13608

Тетовката Нина Костовска, која има Даунов синдром ја прифати понудата на премиерот Зоран Заев да биде времено ангажирана како библиотекарка во библиотеката на Владата, соопшти Владата.

Во разговорот со премиерот таа ја раскажала својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, но истакнала дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.

Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.

– Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата “See the ability not the disability” и низ разговорот со претседателот на Владата на Република Македонија, Заев ги потенцираше како позитивни системски промени што се остварија или што се спроведуваат во рамките на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови, стои во соопштението.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...