Албанија ќе ѝ ги врати иконите на Македонија ама бара докази

Тирана сака да биде целосно сигурна дека она што е побарано одговара и е идентификувано во збирката на запленети икони што ја поседуваат.

798

Министерството за култура на Албанија побарало од нашето Министерство повеќе информации, спецификација и фотоматеријали за да ги идентификуваат иконите што Македонија ги бара од Албанија, соопшти министерот Роберт Алаѓозовски во врска со иконите што албанските надлежни органи ги имаат запленето во постапка за спречување нелегална трговија со вредни културни артефакти.

– Иако ние упативме доста детали, тие ја бараат оваа дополнителна фактографија и нашите служби веќе постапуваат да им ги испратат. Од министерката за култура на Албанија добив уверување дека тие немаат ништо против да ги вратат назад предметите, само сакаат целосно да ја испочитуваат процедурата и да бидат целосно сигурни дека она што од нас е побарано одговара и е идентификувано во збирката на икони што ја поседуваат во овој случај – рече Алаѓозовски денеска во Националниот конзерваторски центар каде што беше предадена техничка опрема донирана од турската агенција ТИКА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...