Џејмс Харден одигра уште еден солиден натпревар, откако постигна 36 поени во победата на Хјустон над Сакраменто со 127:101 и запиша 28-ми последователен дуел со најмалку 30 поени.
„Брадата“ реализираше 50 отсто од своите шутеви од игра, а од тројка беше 8 працизен од 13 обиди. Тој исполни само 2 слободни фрлања, но тимот од Тексас го решија дуелот со прецизниот шут оддалеку, откако реализираа 20 удари од линијата за три поени.
Серијата од 19:3 на крајот на втората четвртина го реши дуелот, бидејќи по неа предноста на Хјустон се зголеми до 76:45 на полувремето и за „кралевите“ немаше враќање назад.
Џералд Грин помогна за успехот со 25 поени од клупата, а повратникот во игра Ерик Гордон додаде 20, за да можат „ракетите“ да се подобрат до 32-22 и да ја продолжат битката за подобра позиција во конференцијата.
Останатите резултати:
Бруклин – Денвер 135:130
Чикаго – Њу Орлеанс 120:125
Милвоки – Вашингтон 148:129
Јута – Феникс 116:88
Голден Стејт – Сан Антонио 141:1.