Првата епизода од „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ заврши без победник

56
ФОТО: EPA/YOAN VALAT

Барселона и Реал Мадрид одиграа нерешено 1:1 во првата средба од полуфиналето на Купот на Шпанија, одигран синоќа на стадионот „Камп Ноу“.

Двата тима одговорија на очекувањата на фудбалските навивачи и понудија спектакуларна средба, по која сепак немаше конечен победник.

Гостите почнаа подобро, а Лукас Васкез заслужено донесе предност за „белите“ по асистенција на Карим Бензема уште во 6-тата минута. Постепено каталонците ја подобрија играта и Малком израмни во 57-та минута, со штого постави конечниот резултат.

Лионел Меси го започна натпреварот од клупата, но влезе во игра наместо Феипе Кутињо во 63-тата минута, но ни тој не успеа да придонесе за целосен пресврт во мечот.

Така крвните непријатели ќе ги расчистат сметките во реваншот. Втората епизода од „Ел Класико“ во Кралскиот Куп ќе биде на 27 февруари на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

ФОТО: EPA/YOAN VALAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...