Бројот на загинати во пожарот на нафтоводот во Мексико се зголеми на 128 жртви, соопштија локалните власти.
Причина за експлозијата на нафтоводот Туспан-Тула, што се случи на 19 јануари во малиот град Тлауелипан, стотина километри северно од Мексико Сити, е незаконско сечење на цевката. Најголем број од загинатите и повредените се локални жители кои во моментот на експлозијата се наоѓале покрај нафтоводот и се обидувале со кофи да го соберат горивото.
На лице место загинаа 68 луѓе, а 81 беа повредени од кои 60 подоцна им подлегнаа на повредите.
Новата мексиканска Влада од почетокот на годината започна активна борба против кражбите на бензин. Властите неодамна лоцираа неколку пробивања на цевководи и го запреа испумпувањето и кражбите на бензин.
Покрај тоа, сите рафинерии во земјата сега се под заштита на војската.
Photo: EPA / Jorge Dan Lopez